ЈП „Охридски Kомуналец” во петок, 17 мај, ќе организира акција за подигнување кабаст отпад (стар мебел, душеци, телевизори, шпорети, теписони и др.) и отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.) од реонот опфатен со границите на улиците „Македонски Просветители“, „Партизанска“, „Димитар Влахов“, „Кеј Македонија“ и Охридати.

Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот на 17.05.2024 година и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира секој ден во неделата во периодот 07.00 часот-21.00 часот, велат од претпријатието.

Отпад, додаваат, треба да е уредно оставен до контејнерите или други пристапни места предвидени за подигнување комунален отпад.

OhridNews