Од 04 септември, петок, ЈП „Охридски Комуналец“ започнува со реализирање на есенскиот циклус од Календарот за 2026 година на акциите за подигнување кабаст и зелен отпад на територијата на општина Охрид.

Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот на 04.09.2026 година и претходно локацијата да ја пријават на дежурните телефони 075-495-428 и 075-397-944, велат од претпријатието.
OhridNews










