Акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.) ќе реализира ЈП „Охридски Комуналец”-Охрид во сабота, 11 ноември, во Видобишта.
Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот на 11.11.2023 година и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира секој ден во неделата во периодот 07.00 часот-21.00 часот, информираат од претпријатието.
Зелениот отпад, додаваат, треба да е уредно оставен до контејнерите или на местата предвидени за подигнување комунален отпад.
OhridNews