Во петок ќе биде реализирана акција за собирање на текстилен отпад. Граѓаните, како што информираат од ЈП Охридски Комуналец, имаат можност да ја одложат старата облека во контејнерите на Тексомак коишто се поставени на неколку локации.

Одлагањето во дворовите на основните и средните училишта ќе биде возможно во рамките на работното време. Не се одлагаат стари обувки, чанти, итн., посочуваат.

Воедно, упатуваат повик со граѓаните кои имаат потреба од облека да се обратат на зелениот телефон (076/355-327).

OhridNews