Ј.П.„Охридски Kомуналец” во петок, 20 јуни, ќе организира акција за подигнување кабаст отпад (стар мебел, душеци, телевизори, шпорети, теписони и др.) во У.З.11 –  Видобишта.

Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот на 20.06.2025 година и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира секој ден во неделата во периодот 07.00 часот-21.00 часот, информира ЈП „Охридски Комуналец“.

Отпадот треба да е уредно оставен до контејнерите или на местата предвидени за подигнување комунален отпад.

OhridNews