ЈП „Охридски Kомуналец” на 9 мај, петок, ќе организира акција за подигнување кабаст отпад (стар мебел, душеци, телевизори, шпорети, теписони и др.) и зелен отпад (зелен отпад од уредување на дворни површини и градини) од реонот опфатен со границите на улиците „Македонски Просветители“, „Партизанска“, „Димитар Влахов“, „Кеј Македонија“ и населба Охридати.
Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот на 09.05.2025 година и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира секој ден во неделата во периодот 07.00 часот-21.00 часот, информираат од претпријатието.
Воедно, посочуваат отпадот да биде уредно оставен до контејнерите или на местата предвидени за подигнување комунален отпад.
OhridNews