ЈП„Охридски Kомуналец” на 5 јуни, четврток, ќе организира акција за подигнување кабаст отпад (стар мебел, душеци, телевизори, шпорети, теписони и др.) од У.З.10 и У.З.6 Горна Влашка маала, Карабегомала и населба „Христо Узунов”.

Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот на 5 јуни и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира секој ден во неделата во периодот 07.00 часот-21.00 часот, велат од претпријатието.

Отпадот, посочуваат, треба да е уредно оставен до контејнерите или на местата предвидени за подигнување комунален отпад.

OhridNews