На 29/30.11.2025 од страна на ОВР Кичево и РЦГР Запад, во координација со Државен пазарен инспекторат и Државен трудов инспекторат, врз база на претходно изготвен план, е спроведена засилена акциска контрола во угостителски објекти во Кичево.
При тоа, при контрола на угостителски објект лоциран на магистралниот пат Кичево-Охрид, затекнати се 23-годишна пејачка, и 27, 25, 28 и 24-годишни лица, како членови на музички бенд, сите од Босна и Херцеговина, кои вршеле работа без претходно обезбедување на соодветна работна дозвола, со што сториле прекршок по член.23 став.3 од Законот за странци („Службен весник на РМ.„ Бр. 97/2018 и 108/2019), казнив според член 217, став 1, точка 2, од истиот закон, информираат од СВР Охрид.
Посочуваат дека поради сторениот прекршок поднесена е прекршочна пријава до Основен суд Кичево.
OhridNews












