ЈП „Охридски Kомуналец” во петок, 16 мај, ќе организира акција за подигнување кабаст отпад (стар мебел, душеци, телевизори, шпорети, теписони и др.) и зелен отпад (зелен отпад од уредување на дворни површини и градини) од У.З.8 „Билјанини Извори”.

Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот на 16.05.2025 година и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира секој ден во неделата во периодот 07.00 часот-21.00 часот, информираат од претпријатието.

Воедно додаваат дека отпадот треба да е уредно оставен до контејнерите или на местата предвидени за подигнување комунален отпад.

OhridNews