ЈП „Охридски Комуналец”-Охрид направи измена во Календарот на акции за подигнување на кабаст и зелен отпад за 2025 год. Имено, заради реалната ситуација на терен и наметнатите потреби, акцијата за подигнување зелен отпад од У.З.14 Радојца Новичиќ која согласно Календарот беше предвидена за 31 октомври, ќе се реализира во петок, 17 октомври, посочуваат од претпријатието.

Со акцијата се започна од денеска и ќе се реализира заклучно со петок. Ќе биде подигнат отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.). Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот на 17.10.2025 година и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира секој ден во неделата во периодот 07.00 часот-21.00 часот, информираат.

Додаваат дека зелениот отпад треба да е уредно оставен до контејнерите или на местата предвидени за подигнување комунален отпад.

OhridNews