Чуварот на мрежата на руската репрезентација Игор Акинфеев добро се опоравува од повредата на главата која ја доби на мечот со Црна Гора во квалификациите за Европското првенство во Франција.
На стартот од натпреварот навивачите на Црна Гора фрлија бакља која го погоди Акинфеев и му нанесе сериозни повреди. Тој на носилки го напушти мечот, кој подоцна беше прекинат.
– Само што се разбудив прашав каде е навивачот и дали е се во ред со него. Се случуваат вакви работи и не треба да се става преголем акцент на вакви работи бидејќи се добива контра ефект. Што и да одлучи УЕФА за натпреварот сите ние ќе го прифатиме, а ако одлучи да се преигра јас ќе бидам прв кој ќе се врати во Подгорица. – рече рускиот голман.
УЕФА покрена дисциплинска постапка против Црна Гора за лоша организација и против Русија за лошото навивање на руските фанови на трибините.
Мх.П.