Португалскиот ас Кристијано Роналдо и голманот Киево Стефано Сорентино пред мечот Јувентус – Киево се договориле да ги разменат дресовите кога ќе заврши средбата. Натпреварот завршил со триумф на Јувентус (3-0), но Роналдо не го испочитувал договорот откако голманот во текот на дуелот му одбранил пенал на Португалецот. Сорентино откри дека двајцата се сретнале во тунелот но Роналдо бил лут и нерасположен за размена на дресовите.

Се согласивме да ги смениме дресовите, но откако не даде гол од пенал беше многу лут. Се сретнавме во тунелот, се ракувавме и тој ми честиташе, но имаше лош израз на лицето и не ми го даде дресот. – изјави Сорентино.

Да не биде ситуацијата „трагична“ за Сорентино се погрижил Пабло Дибала кој прифатил размена на дресовите и го усреќил голманот.

OhridNews