Ако не добие урбанистичко решение ќе го изора стадионот !
24.12.07 02:23
Амзо Ќазимоски, сопственик на фудбалскиот стадион во струшкото село Лабуништа, се заканува дека ќе го изора игралиштето, незадоволен од односот на надлежните институции во општината кои според него со години ја одолговлекуват постапката за урбанизација на спортско-деловниот комплекс. Тој тврди дека во урбанизација на просторот каде пред 15 години имало само рид инвестирал речиси еден милион евра, изградил фудбалско игралиште, соблекувални и деловен простор од 400 метри квадратни, за кој добил усно ветување од надлежните дека ќе биде легализиран ако донесе струја и вода до населбата. Ќазимоски во април минатата година изградил 2 километри водоводна и електрична мрежа за што, како што вели позајмил 100.000 евра, но општината сеуште не го урбанизирала просторот на кој Ќазимоски планирал да изгради мала фабрика. Во меѓувреме на тоа место се случила и семејна трагедија во која Амзо го загубил својот брат поради што сега тој сака да се откаже од спортскиот комплекс во корист на државата. За возврат вели дека не бара туку се согласува на компензација со неизградено државно земјиште во атарот на с. Лабуништа,
За таа цел тој деновиве писмено се обратил до Министерството за транспорт и врски и до Агенцијата за млади и спорт од кои очекува да помогнат да се реши проблемот. „За овој стадион имам големи средства вложено, донесов и струја и вода зошто ми рекоа дека ќе ми дадат одобрение, но 14 месци општината се оглушува на моите барања и доколку државата не преземе нешто јас стадионот ќе го изорам и таму ќе посадам пченица“, вели Ќазимоски.
Началникот на Секторот за урбанизам при општина Струга, Урим Хани, ни изјави дека општината сака да помогне во разрешувањето на проблемот, но потребно е да се запазат соодветните законски процедури. Тој објаснува дека на спорниот простор според Генерален урбанистички план е предвидено да се изгради туристичка населба со спортски комплекс, но поради измената на урбанистичките проекти на пооранешните општини кои се споија со општина Струга, потребно е да се изготви нов Детален урбанистички план. Хани информира дека случајот на Ќазимоски интензивно се разгледува и дека се бара начин тој што поскоро да биде решен.
Поради густата магла која ја зафати скопската котлина, а која предизвика намалена видливост, на Меѓународниот Аеродром Скопје, и денеска има откажани и пренасочени летови Поради маглата која и дене...
По тешко боледување на 67-годишна возраст вчера почина македонскиот актер Лазе Манасков Со длабоко жалење ве известуваме дека почина нашиот актер и долгогодишен колега Лазе Манасков Изведба на прет...
По кратко и тешко боледување утрово на 75-годишна возраст почина познатиот радио водител Драган Б Костиќ, соопшти неговото семејство Семејството изразува искрена и длабока благодарност до целиот ти...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.