
Привремениот договор, кој важи до 20-ти октомври, е првата конкретна работа која славната актерка двојка ја постигна во жестоката кавга откако Џоли поднесе барање за разведување на 20-ти септември. Повикувајќи се на „здравјето на семејството“, актерката бара целосно старателството над децата.
И 52-годишниот Пит и 41-годишната Џоли се согласија поединечно да минат индивидуално советување, а Пит на почетокот ќе ги гледа децата во присуство на терапевт, соопштиле извори кои сакале да останат анонимни.
Засега не е донесена пресуда., ниту одлука за тоа кој конечно ќе има старателство над децата.
Претставниците на актерите засега не ја коментираат оваа информација.
Според медиумите, по разделувањето на 15-ти септември, Пит досега не ги видел своите три биолошки и трите посвоени деца, а не се видел ниту со Џоли.
OhridNews
извор:„Макфакс“











