Државјаните на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство и сакаат да го остварат своето право на глас на ,,Предвремените Парламентарни избори 2014” ќе може да се пријават заклучно со 30-ти март 2014 година.
Од Државната изборна комисија велат дека веќе истекол рокот, во кој иселениците можеа да се пријават за гласање на ,,Изборите за претседател на Република Македонија” кои ќе се одржат на 13-ти април 2014 година.
-Се информираат државјаните на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство дека пријавата за гласање на ,,Изборите за претседател на Република Македонија” не важи и за ,,Предвремените парламентарни избори”. Доколку сакаат да гласаат на Предвремените парламентарни избори тие треба да достават нова пријава, стои во соопштението на ДИК, испратено до медиумите.
OhridNews