Да нема отстапување од датумот за одржување на локалните и да нема претходни гаранции дека ќе се одржат предвремени парламентарни избори, пишува „Дневник“ повикувајќи се на информации од висок функционер на ДУИ. Во текстот се наведува дека ако притисокот од меѓународните претставници, а на иницијатива на СДСМ, биде во насока на одлагање на локалните избори, во таков случај ДУИ ќе ги бојкотира општинските избори.

Според ДУИ, Црвенковски има две опции – ако сака да фати приклучок за локалните избори, до недела да достави кандидатски листи или да ги бојкотира. Процените на интегративците се дека предвремени парламентарни избори најверојатно ќе има и тоа најрано наесен. 

OhridNews
извор: Дневник