Драмското студио „Солза и Смеа“ е формирано на 7-ми февруари 1996 година во Битола, како аматерско студио во рамките на Центарот за култура во Битола. „Солза и Смеа“ денес е приватен театар каде работат и професионалци, насочен кон комедијата како жанр кој членовите во театарот го негуваат во сите свои претстави дома, како и на фестивали во странство. Најуспешен проект досега им е хумористичниот ТВ серијал кој четврта година се емитува на битолската телевизија „Тера“. На пошироката јавност ова драмско студио и е познато и по играната музичка комедија на групата Молика и Анета Мицевска што започна да ае емитува во декември.