Нестрпливи возачи целосно ги игнорират прописите и безбедноста на пешаците на кружниот тек кај Охридска банка. За да не вртат до следниот кружен кој е во фаза на изградба, поминуваат преку две полни линии и пешачка зона на булеварот „Туристичка“. Овие фотографии читател на OhridNews ги направил денеска во период од 15 минути.
Иако се уште не се доизградени сите предвидени кружни текови во градот, на моменти се чувствува сообраќаен метеж особено на кружното кај Охридска банка. Имајќи ја предвид нашата сообраќајна култура, особено при влез и излез од кружните текови, но и при пропуштање на пешаци, многумина со право се прашуваат како новите сообраќајни решенија ќе функционираат, особено во шпицот на туристичката сезона. Еве што на оваа тема мислат читателите на OhridNews:
Според надлежните, изградбата на кружни текови на булеварот „Туристичка“ ќе го подобри протокот на возила во шпицот на туристичката сезона и ќе ги намали автомобилските гужви во лето. Туристичката сезона е на прагот, па останува сосема малку време да се поработи на подигнување на сообраќајната култура на возачите и да се подобрат одредени сообраќајни решенија, кои уште сега се покажува дека може да бидат жешки точки.
OhridNews
Следно анкетно прашање: Дали нашето општество политички е поделено?