Екипи на Р.Е.Водовод Охрид извршија интервенција на водоводната мрежа , односно редовни активности пред почетокот на летната сезона со цел подобрување на квалитетот на водоснабдувањето во градот.
Се чистеа двата резервари Студенчишта, се поправаа улични шибери, се изврши поправка на дефект на водоводна линија на бул. „Туристичка“, како и промена и поправка на шибери од домаќинства и индустриски водомери.
OhridNews