Екипи на „Јавна хигиена” при јавното претпријатие „Охридски Комуналец” работеа на расчистување на патот за село Орман, на потегот од булеварот „Туристичка”, во селото се до излезот кон селото Лакочереј. Се изврши косење и чистење на израснатата трева и расчистување на грмушките кои ја попречуваа прегледноста на возилата.
Во текот на изминатите денови се изврши и подигање на расфрланиот отпад од околината на селата Велгошти, Лескоец, Косел, Горно и Долно Лакочереј и Подмолје.
Со активностите беа опфатени и делови од стариот дел на градот, како и патеките кои водат кон Самоиловите тврдини, Плаошник, Лабино и кон Канео.
OhridNews














