Екипи од ЈП „ Охридски комуналец“ започнаа со расчистување на наноси од окрек, реса и друг вид отпад од езерото на потегот од градското пристаниште до хотел Милениум.

Со оглед на тоа дека во тек е цветањето на езерската алга , од јавото претпријатие најавуваат дека во наредните три месеци континуирано ќе се расчистува овој потег, согласно Програмата за вонредни активности за 2014 година, а по претходно добиен налог од општинскиот инспекторат.

OhridNews