Збогум Буково во соработка со Ј.П. Охридски Коминалец започна со кампања за едукација на населението за селектирање на отпад преку афирмирање на позитивни примери од наши сограѓани коишто и покрај сите тешкотии успеваат да најдат начин правилно да го одделуваат отпадот којшто го создаваат во своите домаќинства.

Според Планот за управување со отпад, дел од граѓаните веќе добија канти за селекција на пластика, метал и хартија, додека делењето на канти и контејнери во останатите населби во Охрид ќе се одвива постепено во наредните година-две.

Во меѓувреме се работи на подигање на свеста за потребата од правилно одлагање на отпадот, не само за да бидеме спремни како општество кога ќе имаме функционален систем за управување со отпад, туку и да се намали одлагањето на пластика на Буково од кадешто најчесто ни се враќа како токсичен чад, велат од Збогум Буково.

Во тек се и напори за изградба на собирен центар во самиот град. Општината на Охрид како дел од подготовките за спроведување на Планот за управување со отпад веќе има одредено место за изградба на таков центар како и основен план за дизајнот и фракциите на отпад коишто таму ќе се одлагаат.

Во таа насока иницијативата спроведува анкета која треба да помогне во изнаоѓање соодветно решение за изградба на функционален собирен центар. Анкетата може да ја пополните тука.

OhridNews