Граѓанските организации Go Green, Ајде Македонија и Грашница, заедно со претставници на туристичкиот и јавниот сектор во Македонија организираат серија акции за чистење на отпад во Охрид, Скопје, Демир Капија, Маврово и Крушево во насока на поддршка на активностите во туризмот во Македонија, но и за јакнење на јавната свест за проблемот со отпадот особено во туристичките дестинации.
На 6 мај во организација на Грашница и Go Green во Охрид ќе се чисти на патеки на планината Галичица, додека на 7 мај на четири локации кои ги вклучуваат Горица 2, Заливот на коски, селото Елшани и во градот Охрид.
Во Македонија во просек еден жител произведува 380 килограми отпад, додека во Охрид поради присуството на голем број на туристи просекот е двојно поголем во текот на туристичката сезона. Најголем процент од овој отпад 99,4% се одложува на депонии.
OhridNews













