Трансферот на Леонардо Бонучи од Јувентус во Милан не ги разлути само навивачите, туку и сите чинители околу клубот од Торино.
Официјалните продавници на Јувентус во Торино почнаа акција за враќање на дресот од Бонучи и со одредена доплата да добијат нов дрес по желба.
Бонучи изненадно во кратко временски период ги договори условите со „росонерите“ кои најдоа заеднички јазик околу оштетата со Јувентус.
Некои информации говорат дека Бонучи бил многу гласен и агресивен на полувремето во финалето во Лигата на Шампиони кое италијаните го изгубија од Реал Мадрид 4-1, откако првиот дел заврши 1-1.
OhridNews