Младите активисти од еко движењето „Чист Охрид“, во недела на 21-ви февруари 2016 година, ќе реализираат акција за чистење на Полигонот за мали спортови.

Збирно место за сите заинтересирани е пред ресторанот „Европа“ во 12 часот.

Еко движењето „Чист Охрид“ досега реализираше шест успешни акции за подигање на отпад од неколку локации во градот.