По налог на комуналната инспекција во текот на денешниот ден екипите на „Јавна хигиена“ при Ј.П.„Охридски Комуналец“ спроведоа акција за расчистување на просторот кој се наоѓа на десната страна од улицата „Марко Цепенков“, од Поштата до пресекот со улица „Момчило Јорданоски“.

Во акцијата биле ангажирани четворица  работници и биле собрани околу 30 вреќи комунален и кабаст отпад кој бил депониран од страна на несовесни граѓани.

Од претпријатието упатија апел до жителите од овој потег на градот, соодветно да го депонираат отпадот и да не го исфрлаат на места кои не се предвидени за таа намена.

OhridNews