Екипите на Јавна хигиена при Ј.П. „Охридски Комуналец” деновиве спроведуваат акција за чистење на улицата „Железничка“ и улицата „15-ти Корпус“, бидејќи заврши обврската на „Македонија пат„ за зимско одржување на истите улици.
Во рамки на акцијата се вршело отстранување на абразивните средства кои биле употребени за заштита против мрзнење и голомразица, наноси од земја, песок и израсната трева помеѓу коловозите и тротоарите.
Акцијата за чистење ја рализирале 2 екипи со вкупно 10 комунални работници.
OhridNews