Со цел подигање на еколошката свест и подигнување на степенот на заштита на животната средина, ЈП Охридски комуналец од денес започнува нова акција за расчистување на расфрланиот отпад покрај магистралниот пат Охрид -Св.Наум.
Акцијата, во која се ангажирани десет комунални работници кои рачно го собираат отпадот , ќе се одвива етапно.
Од наредната недела со оваа акција ќе биде опфатен и магистралниот пат Охрид-Скопје, на потегот до општина Дебарца.
OhridNews