По повод одбележувањето на Денот на планетата Земја -22 април, Општина Охрид -Сектор за урбанизам и заштита на животната средина,организира акција за собирање на отпад од електрична и електронска опрема.

Отпадот од електрична и електронска опрема(стари тастатури, монитори, компјутери, телевизори, апарати за домаќинство) спаѓа во посебни видови на опасен отпад и не смее да се меша со останатиот комунален отпад. За таа цел овој вид отпад ќе го подигне и третира фирма која од Министерството за животна средина и просторно планирање на РМ има соодветна дозвола.

Акцијата ќе се спроведе во два дена и тоа на 18 и 19 април, во периодот од 10 до 18 часот на три локации :Полигон за мали спортови на улица„Партизанска“ кај ресторан Европа, Плато кај стадионот Грашница (Воска), Просторот пред продавницата за акумулатори „АКУМА ТРЕЈД“ на патот за село Лескоец во близина на Леарницата.

Ohridnews