Над стотина акцијаши волонтери од акцијашки клубови од Македонија и државите на поранешна Југославија, Швајцарија и Германија имаа можност да вкусат охридска рибна чорба од крап, направена по стар охридски рецепт.


Рибната чорба ја подготвија рибарите од Здружението на рекреативни риболовци „Свети Апостол Петар“ од Охрид, во рамки на акцијашките средби што ги организира акцијашкиот клуб „Брег на младоста“ од Охрид во извидничкиот центар во населбата Далјан.


На акцијашките средби во Охрид ушествуваат стотина претставници од акцијашки клубови од земјава и државите на поранешна Југославија, Швајцарија и Германија. Тие потпишаа Декларација за афирмација на акцијаштвото и волонтаризмот, и ги договорија насоките на соработка во иднина.