Не е време за емоции, солзи и сожалување… Време е за солидарност, за хуманост, за АКЦИЈА!, порачуваат од Акцијашкиот клуб „Брег на младоста“ од каде ги повикуваат сите свои членови и жители на Охрид, кои се во можност да помогнат во расчистување на последиците од катастрофалната поплава која го зафати Скопје. Во битката со стихијата, се очекува да се приклучат и акцијаши- волонтери од Македонија, Србија, БиХ, Словенија и Црна Гора.
Тргнувањето е денес попладне или утре, наутро. Заинтересираните можат да се пријават на броевите: 075 777 537 или 070 261-067. Со себе треба да понесат работно одело, ;изми, ракавици, резервна облека.
OhridNews













