Актуелниот селектор на шпанската фудбалска репрезентација, Хулен Лопeтеги e именуван за нов тренер на Реал Мадрид. Информацијата за назначувањето на Лопетеги ја лиферуваше кралскиот клуб преку официјално соопштение до јавноста.

51-годишниот стратег кој ќе го замени Зинедин Зидан на „кралевите“ ќе им се приклучи после завршувањето на Мундијалот кој ќе започне за два дена во Русија.

Лопетеги тренерската кариера ја започнал во Рајо Ваљекано далечната 2003 година, а паралелно бил и помошник тренер во У17 селекцијата на Шпанија. Една сезона 2008-09 бил тренер на Б екипата од Реал Мадрид, а од 2010 до 2014 бил од младинските селекции на Шпанија. Во 2014 година го презел тимот на Порто и го водел до 2016 кога и официјално го презеде кормилото на Шпанија.

OhridNews