Викендов во Струга се одржува шестата по ред Регионална школа за безбедност која се организира од Факултетот за безбедност-Скопје со поддршка на Фондацијата „Конрад Аденауер# и Вилфред Мартенс центарот за европски студии-Брисел, а во соработка со Центарот за истражување и креирање политики. Учествуваат студенти, професори и лица од пракса од Република Македонија, Република Хрватска, Република Србија, Црна Гора, и др земји. Школата има за цел да се дефинираат можните решенија и политики, како и потенцијалните оперативни мерки за надминување на предизвиците и подобрување на соработката, координацијата и спроведување на националните цели и политики за безбедност во земјите од Југоисточна Европа и Европската Унија.
За време на настанот ќе бидат организирани работилници, практични вежби од страна на припадници на Специјалната единица на МВР, Аеродромот ТАВ „Св.Апсотол Павле“-Охрид и панел дискусии со кои ќе се овозможи идентификација на тесните грла во соработката, координација и спроведување на државните стратегии за безбедноста и употребата на моделот на преговарање како алатка за решавање на спротивите и евентуалните проблеми на терен.
На Регионалната пкола ќе бидат опфатени актуелни теми и безбедносни прашања од регионот и пошироко. Школата има за цел и размена, соработка и зајакнување на довербата меѓу наставниците, учениците и практичарите од земјите од регионот.
OhridNews