Фудбалерот на Баерн Минхен, Давид Алаба го продолжил договорот со клубот, според кој во Минхен ќе остане до јуни 2021 година.
Австрискиот репрезентативец има 23 години, ја минал младинската школа на баварскиот клуб, а дел од првиот тим е од 2010 година, со исклучок на 2011 година кога како позајмен играч настапувал за Хофенхајм. За Баерн, Алаба има одиграно 127 натпревари на кои постигнал девет голови.
„Горд сум што ќе продолжам да играм за мојот клуб. Пораснав во Баерн, тука доживеав неверојатни моменти“, рекол Алаба.
Со потпишувањето на новиот договор Австриецот стави точка на шпекулациите за негов трансфер во Манчестер Сити, каде од следната сезона менаџер ќе биде Пеп Гвардиола.
OhridNews