Алан Рушел е еден од трите фудбалери кои го преживеа падот на авионот во кој се наоѓаше експедицијата на бразилскиот клуб, Чапекоенсе.
Авионската несреќа во која го загубија животот 71 патник меѓу кои и голем дел од фудбалерите на Чапекоенсе се случи во Колумбија, непосредно пред аеродромот во Меделин.
Најблиските од Рушел кој се разбуди од кома се огласија после деноноќно седење и исчекување пред болницата.
– Конечно го слушнав гласот на мојот син. Веднаш ме праша што се случи и дали има уште некој повреден. Јас, пак, го прашав дали се сеќава како се случило, а тој ми рече дека ништо не знае, само се сеќава дека требаше да играат во Колумбија. Кога му кажав дека Фолман и Нето се тука блиску до него се израдува, но се уште не е подготвен да ја дознае вистината за останатите негови соиграчи. – изјави за колумбиските медиуми таткото на Алан.
Ако опоравувањето на Алан оди според планираното, тој за одредено време ќе можи да му се врати на фудбалот, бидејќи виталните органи од телото не му се повредени ниту оштетени.
OhridNews