Еден од ретките фудбалери на Шапикоенсе кој ја преживеа авионската несреќа кај Меделин, во која загинаа 18 негови соиграчи, Алан Рушел, застана на нозе.
Рушел (27) прв беше спасен од авионот кој се урна кај Меделин. Во авионската несреќа загинаа 71 од 77-те патници и членови на екипажот.
Покрај Рушел трагедијата ја преживеаја уште двајца играчи на Шапиноенсе, двајца членови на екипажот и еден новинар.
Дефанзивецот и покрај бројните скршеници и повредата на рбетот, успешно закрепнува во клиниката Рионегро во Колумбија.
OhridNews