Сем Алардајс со чуден потег ќе ја започнe селекторската кариера во англиската фудбалска репрезентација. „Биг Сем“ од првата прозивка планира да го изостави Маркус Рашфорд, а да го врати Џон Тери.


Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Рашфорд дебитански настап за „гордиот албион“ имаше на Европското првенство во Франција, каде што селекцијата воопшто потфрли испаѓајќи во 1/8 финалето од Исланд.

Причина според англиските медиуми за пречкртувањето на Рашфорд е неиграњето во Манчестер Јунајтед. Тој ретко добива шанса покрај Златан Ибрахимовиќ, Ентони Марсија, Хенрик Мхтаријан, Хуан Мата и Вејн Руни.

Но, евентуалното изоставувањето на Рашфорд нема биде големо изненадување отколку обидот на Алардајс да го врати Џон Тери во селекцијата.

Стоперот на „сините“ има полни 35 години и извесен период не е во посакуваната форма и кондиција. Тој се откажа од националниот дрес по караницата со Рио Фердинанд поради расистички навреди кон неговиот брат Антон Фердинанд.

Англија во првите квалификациски мечеви ќе се сретне со Словачка и Малта.

OhridNews