На средба со новинарите официјално беше преставен Сем Алардајс за нов селектор на англиската фудбалска репрезентација.
Популарниот „Биг сем“ ќе има ѓаволска тешка задача на клупата од „гордиот албион“ кој имаше неуспешен настап на Европското првенство во Франција остварувајќи една победа во четири натпревари.
– Подготвен го прифатив предизвикот да ја водам англиската репрезентација бидејќи сметам дека можам да направам добри работи за фудбалот и селекцијата. Имам голема задача пред мене, но напоменав дека сум подготвен за нешто големо со репрезентацијата. – рече Алардајс.
61-годишниот стратег има големо искуство во Премиер лигата, но никогаш не водел клуб кој се борел за титулата во најсилната англиска лига.
– Неработењето во најсилните англиски клубови не го намалува мојот квалитет. Напротив, тоа ми ја зголемува самодовербата бидејќи цела тренерска кариера се борам за „гол живот“. Титулите говорат најдобро за менаџерот, но тоа на репрезентативно ништо не важи, затоа ова е за мене е нов почеток. – истакна Алардајс.
Тој на репрезентативната клупа го замени Рој Хоџсон кој си поднесе оставка после поразот од Исланд во 1/8 финалето од ЕП.
OhridNews