Аларм: Девет проценти од младите размислуваат за самоубиство
27.01.09 07:05
Македонската младина расте нездраво, има лоши навики и ризично се однесува, покажале резултатите од истражување на Републичкиот завод за здравствена заштита – РЗЗЗ.
Анкетата што врз околу 2.100 ученици била извршена во текот на 2007-ма и 2008-ма година покажала дека речиси девет отсто од учениците сериозно размислувале да извршат самоубиство во текот на изминатите 12 месеци, 1,8 отсто од нив на возраст од 13 до 15 години употребиле дрога еднаш или повеќе пати во текот на животот, 39,4 отсто консумирале алкохолен пијалок во текот на еден или повеќе денови изминатите 30 дена, 14,1 отсто пушеле цигари во текот на еден или повеќе денови, а 11,9 отсто имале сексуални односи,
Резултатите од глобалното истражување за здравјето на адолесцентите во Македонија покажале дека 37,3 отсто од учениците никогаш или ретко биле проверувани од нивните родители или старатели дали ги завршиле домашните задачи, а 19,8 отсто се изјасниле дека нивните родители или старатели никогаш или ретко знаеле што прават нивните деца во слободното време.
Над 31 отсто од учениците биле сериозно повредени еднаш или повеќе пати во текот на изминатите 12 месеци, четири отсто од нив никогаш не употребиле или ретко употребиле сапун при миење на рацете во последниот месец, 14 отсто се изложени на ризик од прекумерна телесна маса, а 15,7 отсто од учениците биле физички активни во текот на сите 7 дена во неделата.
Истражувањето покажало и дека употребата на алкохолот во државата е повисока во однос на другите земји.
Претседателката на Индија Друпади Мурму на вториот ден од официјалната посета на земјава, денеска заедно со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ќе ги посетат Спомен-куќата на Мајка Тереза и ...
Променливо облачно со сончеви периоди Ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието п...
Најмалку 15 лица се повредени, а повеќе од 1000 граѓани побарале помош преку Единствениот број за итни повици 112 по силното невреме проследено со оркански налети на ветер што попладнево го зафати ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.