Алармот за пожар кој се уклучил во 4 сатот рано наутро во хотелот во центарот на Лондон ги изнесол надвор дел од тенисерите учесници на завршниот турнир во Лондон.
Во тој дел од хотелот во кој се уклучил алармот биле Шпанецот Рафа Надал, американскиот тенисер Џек Сок и Доминик Тим од Австрија.
– Сите во 4 сатот наутро излеговме надвор и стоевме. Многу беше ладно, а звукот на алармот беше одвратен. – изјави Американецот Сок.
Надал поради повреда се повлече од Лондон, а Сок го совлада Чилиќ во втората рунда, додека Тим ќе се сретне со Карено Буста кој го замени шпанскиот тенисер.
OhridNews