Составот на Алавес ќе ги одмери силите со Барселона во финалниот натпревар во Купот на Шпанија кој ќе се одигра на 27 мај оваа година.
Тимот на Алавес пред своите гледачи славеше со минимални (1-0) над Селта Виго и со таков вкупен резултат се пласираше во финалето, откако првиот меч заврши без победни (0-0).
Погодокот кој го чекираше финалниот билет на Алавес го постигна Едгард Антонио Мендез во 82-та минута од натпреварот.
Барселона, пак, за пласман во финалето го елиминираше Атлетико Мадрид со 3-2 вкупен резултат.
OhridNews