Историскиот пласман на Европското првенство во Франција на албанската фудбалска репрезентација може да падне во сенка и да биде доведен под прашање откако портали од земјата пишуваат за сомнителни игри надвор од теренот пред мечот со Ерменија.


Албанските медиуми откриваат дека на тројца играчи и голманот од Ерменија им биле исплатени 500 000 евра да играат под своите можности на дуелот со „црвено белите“.

Први знаци за нечиста игра бил падот на коефицентот за победа на Албанија од 2.85 на 2.05 во обложувалниците ширум светот.

Албанија триумфираше со убедливи 3-0 и го завери директниот пласман на ЕП кој е историски за нашиот западен сосед.

На потег се челниците на ФИФА и УЕФА кои ако покренат истрага и докажат дека е така, Албанија не само што ќе биде дисквалификувана туку и се заканува опасност од суспензија на подолго време.

OhridNews