Следниот месец во Македонија се очекува почнување на ткн Албанска пролет, по иницијатива на челникот на албанско-американското лоби, поранешниот конгресмен Џо Диогарди, јавува новинската агенција „ИНА“, пренесува „Макфакс“

Иницијативата  Албанска пролет е контра-одговор на пласираните тези за Арапска пролет и контра-одговор за истакнувањето на верските знамиња на минатонеделните протести во Македонија, се наведува натаму во информацијата .

Диогарди во изјавата за  ИНА побара од албанските политички парти да се обединат зад идејата за новото движење за албанските права.  Тој побара обединување, особено на албанската опозицијата.

Како што јавува агенција, НДП, Нова Демократија,  ДУА на Бардил Махмути и НДУ на Хисни Шаќири засега ја прифатиле идејата на Диогарди и се очекуваат конкретни движења во текот на следните недели

Минатиот понеделник лидерот на Албанско-Американската граѓанска лига Диогарди обвини дека последните апсења на Албанци во Македонија и во Србија, бил координиран анти-албански заговор.

OhridNews
извор: „Макфакс“