На Граничен премин Ќафасан, вчера, 36-годишен државјанин на Република Албанија, при влез во нашата земја, употребил грчка возачка дозвола, во чија оригиналност се посомневале полициските службеници.
Во консултација со Основното јавно обвинителство Струга и извршеното криминалистичко-техничко вештачење на спорната возачка дозвола, утврдено е дека истата е фалсификувана. – соопшти СВР Охрид.

OhridNews












