Поради постоење на основи на сомнение за сторено казнено дело „Кражба“ СВР Охрид поднесе кривична пријава против 20- годишно лице од Поградец Република Албанија, на кое од страна на истражен судија му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

Пријавениот на 24-ти Јули оваа година, од просториите на „Охридско лето“ бесправно одзел еден фотоапарат „Никон“, а на 10-ти Август годинава извршил уште една кражба од „Охридско лето“ при што одзел еден лап-топ компјутер  со дополнителна компјутерска опрема како и неколку стикови. Двете кражби  пријавениот ги извршил од канцеларија во НУ „Охридско лето“, искористувајќи погодна прилика и оставена отклучена канцелариска врата.

На 15-ти минатиот месец, од соба во вилата „Флора“ во Охрид каде бил сместен, сега притворениот албански државјанин бесправно одзел еден лап-топ компјутер марка „Ацер“.  Делото го направил откако ги забележал туристите како излегуваат од собата и одат на плажа по што со преклучување и незабележан успеал да влезе внатре, да изврши пребарување о одземање на  компјутерот. По кратко време, тој го продал лап-топ компјутерот за 2000 денари.

Со извршените кражби , албанскиот државјанин, кој во текот на Јули илегално ја преминал македонско-албанската државна граница,  се стекнал со противправна имотна корист од околу 75.000,оо денари.

OhridNews