Вчера, на граничниот премин “Св.Наум“ на излез од Македонија, поради сторен прекршок од Закон за јавна чистота од страна на полициски службеници, на албански државјанин од Корча, му бил врачен платен налог, по што истиот го нарушил јавниот ред и мир со викање и непристојно и дрско однесување, како и постапување спротивно на наредба на полицискиот службеник за забрана да се задржува на преминот.
Од извршениот алкотест со „Дрегер“, утврдена било 0,77 промили алкохол во организамот.
Истиот е приведен и предаден на СВР-Охрид до отрезнување, а денес ќе биде изведен пред судија при Основниот суд во Охрид.
OhridNews