Снегот и ниските температури шредизвикаа големи проблеми и во Струшко. Како што информираат од Центарот за управување со кризи, во општина Струга не се проодни патните правци кон Модрич, Дренок и Горна Белица. Исто така патниот правец за Малесија кој води до селата Присовјани, Збажди, Ржаново,Локов и Буринец, се уште не е исчистен.


Снегот отсече повеќе села во Струшко

Дирекцијата за заштита и спасување информираше дека во струшкото село Горна Белица има еден албански државјанин кој е отсечен од светот.

Се прават напори за негово  извлекување, а екипите кои го расчистуваат снегот дошле на 1,5 километар до селото. На терен се и волонтерите од Црвениот крст.

OhridNews