Целта на посетата на албанските туроператори беше да се запознаат со туристичките потенцијали на Охрид и да остварат поблиска соработка со охридските туристички работници,како и поголема промоција на Охрид во Албанија.
Како резултат на соработката, најавени се заеднички пакет аранжмани, кои би опфаќале посета на туристички локалитети во Албанија и Македонија, со што би се остварила заложбата за регионален пристап во промоцијата на Охрид во поширокиот Балкански регион.
Посетата на албанските туроператори на Охрид наиде на голем публицитет во албанските медиуми. Договорено е во текот на идната есен во Тирана, економските и туристички потенцијали на Охрид, да бидат промовирани пред бизнис заедницата на Албанија.