Како ќе се рефлектира оваа одлука на родителите албанци и дали ќе може да биде спроведена останува да се види веќе денеска.
Наспроти ставот на родителите и професорите албанци, Министертвото за образование ја уверува јавноста дека воведувањето јазични смени во средното училиште „Нико Нестор“ е времена мерка која треба да придонесе за надминување на состојбите кои во училиштето се присутни подолго време. Во соопштението до јавност МОН ја дообјаснува вчера донесената одлука:
„Потребно е систематски и сеопфатно да се пристапи кон нараснатите тензии меѓу учениците во овие училишта. Министерството за образование и наука е подготвено и понатаму активно да посредува и да се ангажира во изнаоѓањето на заедничко решение. На барање на училишните одбори, Министерството за образование и наука даде согласност за осуммина редари и позитивно одговори за поставување на видеонадзор. Од досегашните разговори со сите горенаведени релевантни структури, како заедничко прифатливо гледиште се нуди воведување на времени јазични смени. Тоа ќе претставува привремена мерка до изнаоѓање на долгорочно решение што ќе овозможи безбедна настава во услови на изградена доверба помеѓу учениците од различните етнички и култури заедници.












