Најновиот албум на Владимир Василески-Четкар “We Will Never End” добива одлични критики од многубројните музички критичари но и љубители на џез музиката ширум светот. Во оваа прилика издвојуваме дел од критиката на  Barry Towler од SoulcHoonz -највлијателната британска соул музичка куќа.

„Откако албумот пристигна мора да кажам дека едноставно не можам доволно да го испофалам. Уште од првото слушање го апсорбирав албумот како сунѓер, секоја нота, секоја нијанса, секоја модулација, и моето воодушевување само растеше. Секоја трака на овој албум, и тоа буквално мислам на секоја трака, е есенцијална.

Со македонски корења, Владимир ја однесе својата љубов-музиката во САД, каде помина пет години студирајќи на Беркли колеџот за музика.Тука имаме 100% жива инструментација,гудачи, топли rhodes клавијатури од 70-тите и непогрешлив GRUV.

Јасно е дека овој човек е ултра талентиран и мислам цека од него гледаме само една фракција од тоа што тој може да го понуди. Се наоѓаме на крајот од февруари,сме добиле многу квалитетни изданија-меѓутоа токму ова издание се издигнува над сите нив“, се вели во критиката на  Towlerза албумот на охриѓанецот Владимир Четкар.

За да ја прочитате целата критика, кликнете на линкот:
http://www.soulchoonz.com/Album_Reviews/Vladimir_Cetkar.html

ohridnews